Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер призна дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во овој момент се на повисоко ниво и затоа не би сакал да игра против нив, но исто така верува дека повторно ќе достигне високо ниво.
„Надал и Ѓоковиќ се сега во една категорија, а јас во друга. После десетина мечеви ќе можам да кажам нешто повеќе, но во моментов не би сакал да играм против нив двајца“, кажа Федерер.