„Не смееме да се опуштиме против Вардар“

Тренерот на Веспрем, Давид Дејвис изјави дека е задоволен од убедливата победа против Вардар, во првиот четвртфинален натпревар во Скопје, меѓутоа тој исто така истакна дека мораат да одиграат уште еден добар натпревар, задутре на домашен терен.

„Одигравме извонредно во Скопје, Вардар немаше загубено со повеќе од седум гола во групната фаза, а ние го совладавме со двојно поголема разлика. Сите аспекти во нашата игра функционираа беспрекорно, нормално дека сме среќни, но сега не смееме да го „преспиеме“ реваншот само затоа што имаме удобна предност. Нема да го потцениме Вардар, мораме да си ја завршиме задачата и со триумф да се пласираме во четвртфиналето“, кажа Дејвис.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .