Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, воедно и еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт, Кирил Лазаров не престанува да руши рекорди, а сега изјави дека тие се плод на напорната работа.
„Секогаш во кариерата сум си поставувал високи цели. Тежнеам по најголемите предизвици. Рекордите се производ на напорната работа и труд низ целата моја кариера. Ако се направи една анализа заклучокот е дека ниту еден од тие успеси не се случајни“ , изјави Лазаров за француските медиуми.