„Не сакам да играм на земја, после цел сум прљав“

Моментално вториот тенисер на планетата, Данил Медведев пред стартот на турнирот во Монтер Карло даде интересна изјава дека не сака земја. Русинот кажа дека не му одговара како отскокува топчето, но и поради тоа што цел се прља.

„Не кријам дека не сакам земја. Не ми се допаѓа ништо што е врзано со оваа подлога. Топчето лошо отскокнува, после мечевите секогаш сте прљави. Не уживам во тоа, но знам дека можам да играм добро на овој терен. Го сакам овој турнир, одиграв еднаш добро овде. Се надевам дека ќе имам солидни резултати“, истакна Медо.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.