Не очекува жестока борба: Јувентус и Реал тргнаа по Ериксен!

Двата гиганти на европскиот фудбал Јувентус и Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат Кристиан Ериксен. На Данецот на крајот од сезоната му истекува договорот со Тотнем, па затоа „петлите“ сакаат да го продадат зимава за да можат да заработат на него.

Медиумите на Островот за главен фаворит за потписот на Ериксен го гледаат Јувентус. Ериксен во Тотнем стигна во 2013. година од редовите на Ајакс во трансфер вреден 13.500.000 евра, а за Спарси собра 292 настапи, на кој постигна 68 погодоци и запиша 87 асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .