Не му простија предатството: Ултрасите на Феенорд со антисемитски графит за Бергвијс! (ФОТО)

Големо предатство направи холандскиот фудбалер Стивен Бергвијс кога одлучи дресот со Феенорд да го земени со тој на омразениот ривал Ајакс.

Јасно беше дека ултрасите на Феенорд дека нема толку лесно да му простат, а веќе ја имаа првата реакција. Имено, тие нацртаа мурал со навредлива содржина, па истиот веднаш беше избришан.

Муралот со ликот на холандскиот репрезентативец беше насликан во еден кварт во Ротердам, а на него Бергвијс беше нацртан како Евреин од логор на кој пишуваше: „Евреите секогаш први бегаат“.

Инаку, навивачите на Феенорд важат за едни од најтврдокорните во Холандија и често своите ривали од Амстердам ги карактеризираат како Евре, поради истсориската поврзаност на оваа заедница и славниот клуб.

Бергвијс во текот на летото одлучи да ја искористи можноста и за 5.500.000 евра прејде во редовите на Ајакс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .