Не можеа да го поднесат хет – трикот: Навивачи на Шалке со страшни навреди чудото од дете на Дортмунд!

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата, 15 – годишниот напаѓач на Борусија од Дортмунд Јоусуфа Моукоко денеска постигна хет – трик во дербито од јуниорската Бундеслига против Шалке во победата од 3-2.

Сепак, навивачите на Шалке не го поднесоа најдобро поразот, па со навреди му вратија на ултра – талентираниот Моукоко. Младиот Камерунец го навредувале со зборовите „Е*и се црнчуго“, „Ќе ти ги скршам сите коски“, „Убиј се одма“, му порачале хулиганите.

Шалке веднаш се извини преку соопштение, меѓутоа сигурно ќе бидат казнети од дисциплинската комисија на ФФ на Германија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .