„Не дојдов во ПСЖ поради парите“

Капитенот на репрезентацијата на Холандија, Џини Вајналдум летово го напушти Ливерпул и како слободен играч се пресели во редовите на францускиот ПСЖ.

Фудбалерот од средниот ред доби жестоки критики поради тоа што ја одби понудата на Барселона, а некој навивачи го обвинија дека поради пари се преселил во Париз, меѓутоа Вајналдум тоа го негира.

„Морам да признаам дека тоа беше многу тешка одлука. Од мали нозе навивам за Барселона и се уште се сметам за навивач на овој клуб. Преговаравме и имав добро чувство, но разговарав и со други клубови. Зборував со ПСЖ дури пред Барселона. Леонардо и Покетино ми го покажаа проектот, а клубот направи се, навистина се за да ме ангажира. Воопшто не стануваше збор за пари, разликата помеѓу двете понуди беше мала. Ги одбацувам сите наводи кои говоарат дека дојдов во ПСЖ поради пари“, изјави Вајналдум.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.