Не бевме фини со Финците…

Македонската ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за Европското првенство 2022 откако на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ убедливо беше совладана селекцијата на Финска (33-24).

Тешко започна натпреварот за македонските ракометери. „Црвено – жолтите“ се мачеа со ефикасноста, Финците дури поведоа минимално во два наврати, меѓутоа во вториот дел од првото полувреме работите си дојдоа на свое место.

Избраниците на Данило Брестовац направија серија од 6-0 и поведоа со 10-5, додека на полувремето заминавме со шест голови предност (16-10). Во вторите 30 минути, Македонија малку по малку ја зголемуваше предноста.

Пред крајот на натпреварот имавме и најубедливи 10 разлика предноста (33-23), сепак Финците постигнаа уште еден гол за победа од девет разлика (33-24). Кирил Лазаров беше најефикасен со дури 11 погодоци, додека шест постигна Кузмановски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .