„Не бевме добри во првото полувреме, но надокнадивме“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер има многу причини за задоволство по синоќешната убедлива победа на „ѓаволите“ против Рома во првиот полуфинален меч од Лигата на Европа, и покрај лошото прво полувреме.

„Знаеме дека не бевме добри во првото полувреме, но надокнадивме во вториот дел. Бевме подобри, повеќе трчавме, ја бркавме топката, а додавањата и завршницата беа на ниво. Искористивме поголем дел од шансите кои ги имавме и поради тоа сум задовелен. Покажавме карактер, се вративме во натпреварот и не ја изгубивме главата“, кажа Норвежанецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .