Нејмар: Сакам да играм со Кристијано Роналдо!

Бразилскиот напаѓач Нејмар пред неколку денови го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година и така во корен ги пресече шпекулациите околу неговото заминување од Париз.

Сега Нејмар индиректно го повика Кристијано Роналдо да му се приклучи во дресот на „светците“.

„Сакам да играм заедно со Кристијано Роналдо. Веќе играв со одлични играчи какви што се Меси и Мбапе, но со Роналдо се уште немам играно“, изјави Нејмар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .