Нејмар откри дали останува во ПСЖ

Француски ПСЖ синоќа му се одмазди на Баерн Минхен за поразот во минатогодишното финале на Лигата на шампионите, откако синоќа ги елиминираа Баварците во четвртфиналето од истото натпреварување.

„Светците“ со оваа победа се чини завршија огромна работа, а освен пласманот во полуфиналето можат да бидат среќни од изјавата на Нејмар по натпреварот, каде што откри дека ќе остане во Париз.

„Нема потреба повеќе да се зборува за тоа дали сакам да го продолжам договорот. Овде се чувствувам добро, ПСЖ е мојот дом и многу сум посреќен од претходно“, истакна Нејмар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .