Нејмар го откри телефонскиот број на ѕвездата на Евертон: За 5 минути му стигнале 10.000 пораки!

Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Нејмар случајно го открил приватниот телефонски број на Ришарлисон во видео пренос во живо и така за пет минути му направи вистински хаос на колегата од бразилската репрезентација.

Двајцата разговарале на социјалните мрежи, па Нејмар го свртел телефонот кон камерата за да го покаже Ришарлисон, а така го откри и телефонскиот број на фудбалерот на Евертон.

„Мислам дека само што го покажав твојот телефонски број без намера, се колнам дека беше случајно, сега ќе мораме да го смениш бројот“, му кажа Нејмар.

„Еј, луѓе, кој и да ми ѕвони ќе биде блокиран, не ми ѕвонете. 10 илјади пораки за пет минути. Фала Нејмар“, напиша Ришарлисон на Твитер, а играчот на ПСЖ му врати.

„Па добро, луѓето те сакаат“, кажа Нејмар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .