Несторовски: Жал ми е, повредата ме остави без ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа голем пех откако беше потврдено дека стандардниот напаѓач Илија Несторовски ќе мора да подлегне на операција на лигаментите, што значи дека нема да настапи на претстојното Европско првенство.

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.