Несторовски го пропушта Европското првенство?

Со голем проблем се соочува селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски откако беше потврдено дека Илија Несторовски заработил повреда на 40 дена до почетокот на Европското првенство.

Несторовски повредата ја заработил на синоќешниот тренинг на Удинезе. Напаѓачот имал болка во пределот на коленото на левата нога. Сега треба да направи детални медицински прегледи, меѓутоа италијанските медиуми шпекулираат дека Несторовски нема да се врати до крајот на сезоната.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.