Нестварниот Дончиќ повторно ги сруши Клиперси, Лејкерс до брејк кај Феникс! (ВИДЕО)

Ѕвездите на Лос Анџелес Клиперс, предводени од Кавај Ленард и Пол Џорџ едноставно немаат решение за неверојатниот плеј на Далас Маверикс Лука Дончиќ кој повторно беше најзаслужниот за вториот во низа брејк на Маварикси во Холивуд (121:127).

Словенецот мечот го заврши со 39 поени, седум скокови и исто толку асистенции, Тим Хардавај имаше 28 поени, додека Порзингис 20. Прв стрелец на мечот беше Ленард со 41 поен, а Џорџ имаше 28.

За честа на Лос Анџелес се избори Лејкерс, кој по поразот во првиот меч во Феникс, доцна синоќа брејкнаа кај Санси на крилјата на Ентони Дејвис и така израмнија во серијата на 1-1, пред враќањето во „Стејплс центарот“.

„Веѓата“ мечот го заврши со 34 поени и 10 скокови, Шрудер имаше 24 поени, додека Леброн поен помалку. Кај Санси најдобар беше Девин Букер со 31 постигнати поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .