Несреќен пораз на Ристовски и Адеми: Динамо со гол од пенал поразен од Виљареал! (ВИДЕО)

Хрватскиот великан Динамо Загреб со Стефан Ристовски и капитенот Аријан Адеми во почетниот тим забележа несреќен пораз од Виљареал во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите (0-1).

„Жолтата подморница“ до победата дојде со гол од пенал откако дефанзивецот на Динамо, Кевин Теофил – Катерин несреќно играше со рака во својот шеснаесетник, а сигурен реализатор од белата точка беше Џералд Морено.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .