Нема прво место за Ѓоковиќ: Федерер како во најдобрите денови! (ВИДЕО)

Роџер Федерер се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Лондон, откако во директна борба за второто место во групата го совлада Новак Ѓоковиќ (6-4, 6-3).

Победата на Роџер влијаеше на АТП табелата, па така Рафаел Надал 2019. година ќе ја заврши на првото место, затоа што ќе го престигне Новак Ѓоковиќ.

Федерер доминираше во мечот од самиот почеток, доказ за ова е  тоа што Швајцарецот во првиот сет имаше само една неизнудена грешка, а до клучниот брејк стигина во третиот гем.

И вториот сет беше сличен. Два брејка направи Роџер во вториот сет и стави точка на натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .