Нема крај на хаосот кај „црвената фурија“: Морено скроз избркан, нема да му биде ниту помошник на Енрике!

Шпанската репрезентација синоќа убедливо ги заврши квалификациите за ЕП2020. „Црвената фурија“ ја декласираше Романија со 5-0. Сепак, веднаш по завршувањето на мечот Фудбалската федерација на оваа земја ја шокираше светската јавност.

Верувале или не, досегашниот селектор Роберт Морено со солзи во очите влегол во соблекувалната и им соопштил на играчите дека е отпуштен. Раководните луѓе на ФСШ одлучија на селекторското место да го вратат Луис Енрике кој ќе ја води репрезентацијата на престојното ЕП.

Енрике се повлече на почетокот на годината затоа што неговата ќерка беше тешко болна, а пред неколку месеци за жал таа почина. Откако ја напушти селекторската функција, оваа позиција му припадна на Морено кој беше негов помошник.

Одличните резултати не му помогнаа на Морено да ја задржи работата, а според шпанските медиуми тој нема да биде ниту асистент на Енрике. Старо-новиот селектор одлучил да го врати Хуан Карлос Унзуе како помошник. Двајцата соработуваа во Селта и во Барселона.

Шпанците денеска ќе одржат прес-конференција на која се очекува да ја објаснат својата одлука.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .