Немавме среќа: Македонија нема да биде домаќин на финалето на Лигата на нациите

Немавме среќа на денешната ждрепка во УЕФА. Македонија и арената „Тодор Проески“ нема да бидат домаќини на финалето од Д лигата од Лигата на нациите. Ждрепката сакаше домаќин да биде победникот од пресметката помеѓу Белорусија и Грузија.

Тоа значи дека победникот од полуфиналето Белорусија и Грузија ќе биде домаќин на победникот од другото полуфинале во кое се среќаваат Македонија и Косово. Македонската репрезентација го пречекува Косово на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 26. март следната година, а финалето против победникот меѓу Грузија и Белорусија се игра на 31. март.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .