Невиден скандал во Рим: Татко на соиграч на Пандев со бејзбол палка го искрши тренинг – центарот на Рома!

Соиграчот на Горан Пандев во Џенова, 22 – годишниот Џанлука Скамака доживеа голема непријатност откако неговиот татко упадна во тренинг – центарот на Рома и со бејзбол палка го уништи инвентарот.

Тој прво ги искршил прозорците на автомобилите кои биле на паркингот, а патоа го уништил и кипот во форма на волк кој стои пред кампот, нормално како симбол на Рома.

Во момент на лудило, таткото на Скамака тргнал и кон теренот каде во тој момент играле младинските категории на Рома, но за среќа полицијата успеала да го совлада.

Соиграчот на Пандев веднаш се огласи на социјалните мрежи каде истакна дека е потресен, но исто така рече дека се оградува од својот татко и дека не го смета за дел од семејството.

„Прочитав што се случило. Не можам тоа да го објаснам. Болно ми е само да зборувам за тоа, но ќе морам. Мојот татко не живее со мојата мајка долго време. Не се разведени затоа што никогаш не ни биле венчани. Израснав со мојата мајка и сестра и тие се моето единствено семејство. Со мојот татко сум се сретнал неколку пати, но тоа е ретко. Би сакал приказната околу моето семејство да ја задржам за себе и барам разбирање. Само ќе кажам дека татко ми немаше нитшо со мојата кариера. Жал ми е и шокиран сум со тоа што се случи, но со својот татко немам никаква врска“, кажа Скамака.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .