НЕВИДЕНО! Фудбалерите на Бока се ТЕПАА со полицијата, обезбедувањето и противничките играчи! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бока Јуниорс беа елиминирани од Копа Либертадорес отакко беа поразени на пенали во Бело Хоризонте од Атлетико Миниеро со 3-1. Сепак, натпреварот ќе остане запаметен поради скандалот кој се случи по натпреварот.

Верувале или не, дојде до невидена пресметка помеѓу играчите на двата тима, обезбедувањето и полицијата!

Играчите на Бока фрлаа метални огради и се што им стигне при раце кон домашните фудбалери. Тие дури се обидоа и да влезат во соблекувалната на Атлетико, по што реагираше обезбедувањето, па започнаа со нив да се тепаат, а потоа на ред дојде и полицијата која уапси неколку фудбалери на славниот аргентински тим.

До кој степен стигна пресметката, доказ е податокот што делегацијата на Бока со помош на аргентинската амбасада го напушти стадионот во Бело Хоризенте.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .