НЕВИДЕНО: НБА ѕвездите изгубија уште еден меч, па добија СВИРЕЖИ во Лас Вегас!

Кошаркарската репрезентација на САД повторно ја шокираше јавноста откако по поразот од Нигерија, сега загубија и од селекцијата на Австралија, па за прв пат во историјата врзаа два порази во низа (91:83)

Ниту најголемите скептици пред стартот на пријателските натпреварви не веруваа дека НБА ѕвездите ќе имаат два порази по ред, но тоа се случи. Нормално, ваков развој на настаните не им се допадна на навивачите во Лас Вегас, кои со свирежи ги испратија на Олимписките игри во Токио.

И тоа како има причини за загриженост во таборот на трикратниот олимписки шампион, но исто така има и непријатности. Имено, откако екипата беше исвиркана, не му беше лесно ниту на селекторот, легендарниот Грег Поповиќ кој мораше да се соочува со незгодни прашања на новинарите и да влегува во расправа.

Инаку, Австралија играше по нотите на долгогодишните НБА ѕвезди. „Кенгурите“ беа предводени од Пети Милс (22 поени), Џо Ингл (17 поени) и Матис Тирбуле (12 поени). Кај Американците Демијан Лилард беше прв стрелец со 22 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .