Невидена драма во Белград: Звезда во продолжението ја сруши ЦСКА Москва!

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда стигна до голема победа во петото коло од Евролигата откако на домашен терен во Белград го победи еден од главните фаворити за трофејот ЦСКА од Москва по продолженијата (86-84).

Џастин Лојд беше херој на „црвено – белите“. Американскиот бек на „армејците“ им уфрли дури 31 поен, а имаше и шест скокови. Втор најдобар беше Волден со 12 поени. Кај ЦСКА одличен беше Хакет со 29 поени, додека Клајбурн мечот го заврши со 18.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .