Иако има уште четири месеци до почетокот на завршниот тениски Мастерс, а веќе го имаме првиот учесник на истиот. Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој веќе освои три Гренд слем титули сезонава се пласираше во големото финале на сезоната, кое годинава ќе се одржи во Торино.
„Среќен сум што толку рано се квалификував на завршниот Мастерс. Италијанската публика добро го познава тенисот, така да верувам дека исто така ќе биде одличен турнир со фантастична атмосфера“, изјави Новак за сајтот на АТП.