Неверојатно: Хумелс бил заборавен на стадионот, морал сам да се врати во Дортмунд

Неверојатна ситуација му се случила на искусниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс кој верувале или не, после натпреварот против Келн одигран на 20. март морал сам да се врати дома во Дортмунд, затоа што никој не сфатил дека го нема во автобусот.

Цел тим уредно се вратил во автобусот, Хумелс не бил помеѓу нив, и навистина е неверојатно како никој не увидел дека го нема во автобусот во текот на целото патување од Келн до Дортмунд.

На крајот несреќниот Хумелс морал сам да се врати дома и да извози 98 километри, колку што е одалеченоста помеѓу двата града.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.