Неверојатно: Повторно Надал и повторно со пресврт! (ВИДЕО)

Рафаел Надал исто како и во претходното коло на мастерсот во Лондон со пресврт го победи Стефанос Циципас (6-7, 6-4, 7-5) и ги задржа шансите да се пласира во полуфиналето. Шпанецот вечерва ќе чека победа на Данил Медведев во дуелот против Александер Зверев.

Надал му го нанесе првиот пораз на Циципас, кој на дуелот против Шпанецот не успеа да стигне до ниту една брејк топка. Рафа искористи две од девет брејк топки, по една во вториот и третиот сет.

Дуелот помеѓу Зверев и Медведев се игра вечерва од 21 часот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .