Неверојатно: Легендарен руски тенисер финалето на Австралијан опен го играл – пијан!

Еден од најдобрите руски тенисери во историјата ако не и најдобар, Марат Сафин, финалето на Австралијан опен во 2002 година го играл пијан. Ова го откри контроверзниот австриски тенисер Даниел Келерер.

„Со алкохолот почнав да се дружам во 2002 година кога го видов Сафин како пие пред финалето на Афстралија опен. Не верував дека може да го игра финалето. Во таква ситуација јасно беше дека ќе биде поразен“, изјави Австриецот.

Келерер во 2011 година доби доживотна забрана за играње на тенис, поради тоа што се обидел да намести натпревар.                              

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .