Неверојатно: Кошаркар на Мајами Хит се предозирал со – гумени бомбони!

Мајами Хит солидно ја почна сезоната во НБА лигата. Тие во моментов се наоѓаат на четвртата позиција во Источната конференција (6-3). Нивниот кошаркар Дион Вејтерс, во текот на летот кон Лос Анџелес направил нешто неверојатно.

Имено, Вејтерс, верувале или не се предозирал со гумени бонбони, поради што ја загубил свеста. За среќа медицинскиот тим на клубот веднаш реагирал, па немало поголеми проблеми.

Ова не е прва глупост на кошаркарот, па затоа челниците на Мајами го суспендираа на 10 натпревари.

„Не ни се допаѓа однесувањето на Вејтерс сезонава. Тој повеќе пати му наштети на клубот со своето однесување. Поради тоа тој е суспендиран на 10 натпревари. Вејтерс ќе се врати за натпреварот против Голден Стејт на 29. ноември“, се вели во соопштението на клубот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .