Неверојатниот Дончиќ: Ново признание за Словенецот кој ги руши сите рекорди (ФОТО)

Лука Дончиќ сезонава е главна тема во НБА лигата. На Американците просто не им се верува во каква форма игра Словенецот. Многу кошаркарски стручњаци сметаат дека Дончиќ може да стигне и до МВП наградата ако продолжи да игра во ист стил.

Далас минатата недела оствари четири победи во низа и тоа благодарение на Словенецот. Тој на тие четири меча имаше просек од 37 поени по натпревари, а запиша и 8,5 скокови и 11,8 асистенции. Токму затоа НБА лигата сосема заслужено го прогласи Дончиќ за најдобар играч за минатата седмица во Западната конференција.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .