Неверојатна ситуација ни доаѓа од Аргентина: Судија му забранил на навивач да оди на стадион додека не плати – алиментација!

Надалеку е позната страста со која се следи фудбалот во Јужна Америка и љубовта на навивачите кон клубовите. Верувале или не, судија од Аргентина на навивач на Бока јуниорс му забранил да оди на легендарната „Ла бомбоњера“ затоа што не плаќал алиментација.

Осудениот повеќе од една година не плаќал алиментација поради што неговата поранешна жена била приморана да го тужи.

„Обвинетиот Хуго Федерико Суарез нема дозвола да оди на натпреварите на Бока јуниорс додека не го плати целосниот износ на алиментацијата. Ваква процедура започуваме за прв пат, а ова може да биде силна порака против луѓето кои не се свесни дека децата треба да им бидат приоритет“, се вели во соопштението на судијата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .