Неверојатна одбрана на голманот на Џенова! (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 13. коло во Серија А екипата на Спал во дербито на дното на табелата ја пречека Џенова (1-1). Иако двете екипи имаа шанси да дојдат во водство сепак, првиот дел заврши без голови.

Во вториот дел домаќините поведоа преку Петања кој постигна гол од пенал, а само две минути подоцна Џенова израмни преку Стефано Стураро. Потоа во игра влезе и нашиот Горан Пандев кој немаше позначителен учинок.

Овој натпревар го одбележа одличната партија на голманот на Џенова, Андреи Раду кој имаше една неверојатна интервенција.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .