Неверојатна изјава на Сари за голот на Дибала: Си помислив што „по ѓаволите“ шутираш од таму

Пауло Дибала со погодокот синоќа на дуелот против Атлетико Мадрид му донесе многу важна победа на Јувентус (1-0). Сега, „старата дама“ и дефинитвно завршува на првото место во групната фаза на ЛШ. Тренерот на „бјанконерите“ призна дека не очекувал дека Аргентинецот ќе шутира директно од таму.

„Дибала постигна погодок каков што никој не очекуваше. Прво што помислив беше ‘што по ѓаволите шутираш од таа позиција’. Сепак, тој постигна прекрасен погодок, а публиката го награди за тоа. Дибала одигра одличен меч и постигна убав гол“, кажа Сари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .