Неверојатен рекорд на Леброн (ВИДЕО)

Леброн Џејмс одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Тој во победата на неговиот тим над Оклахома (112-107), запиша трипл-дабл од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции и така влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Леброн е првиот играч во историјата на НБА лигата кој успеал да забележи трипл-дабл против секоја екипа во лигата. Ова беше негов 86. трипл-дабл во кариерата, а пред него останаа уште четворица кошаркари со повеќе трипл-дабл учиноци. Станува збор за Оскар Робертсон (181), Расел Вестбрук (141), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .