Неверојатен меч: Судијски грешки, пропуштени три меч-топки на Србите и победа на „Зборнаја“ за пласман во полуфиналето од Дејвис Купот

Неверојатен меч гледавме во Дејвис Купот, каде Русија ја совлада Србија (2-1). После првите два меча резултатот беше 1-1. Филип Крајиновиќ загуби од Андреј Рубљев (0-2), а Новак Ѓоковиќ израмни со победата над Карен Качанов (2-0). Тоа значеше дека ќе одлучува мечот во двојки.

Интерсно, иако го заврши мечот само пола час пред да почне одлучувачкиот натпревар, Новак реши да настапи во мечот во двојки во тандем со Виктор Троицки. Противници им беа Андреј Рубљев – Карен Качанов.

Мечот беше изедначен и неизвесен, а имаше и неколку судиски грешки кои беа во корист на Русите. Сепак, Србите вината треба да ја бараат во себе затоа што пропуштија дури три меч-топки, а Русите имаа само една која ја искористија.

Во првиот сет подобри беа Русите кои го добија со 6-4, додека во вториот сет се сменија улогите и „Орлите“ вратија со иста мера (6-4). Во одлучувачкиот трет сет одлучуваше тај-брејкот, а таму победи „Зборнаја“ за пласман во полуфиналето.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .