Неверојатен меч на „Брамал лејн“: Шефилд и Јунајтед ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Одличен натпревар се одигра на „Брамал лејн“ во Шефилд. Домаќините Шефилд јунајтед го пречекаа Манчестер јунајтед и по големи возбудувања ги поделија бодовите (3-3). Шефилд одлично го започна мечот и во 19. минута поведе преку погодокот на Џон Флек (1-0).

Далеку по возбудливо беше второто полувреме, а веќе во 52. минута домаќините го зголемија водството со голот на Лис Моусет. И кога мислевме дека Јунајтед е „скршен“, гостите со три погодоци за седум минути направија комплетен пресврт (2-3). Навивачите на „ѓаволите“ веќе ја славеа победата, но Шефилд не се предаде и со голот на Оливер Мекбарни во 90. минута стигна до изедначување за конечни 3-3.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .