НБА звездите се свртеле против Поповиќ: Не им се допаѓал стилот на игра

Американската кошаркарска репрезентација со пораз ги стартуваше Олимписките игри, откако во недалата беа изненадени од репрезентацијата на Франција, во првото коло од кошаркарскиот турнир во Токио.

Медиумите во САД се полни со критики кон своите кошаркари и против селекторот, легендарниот Грег Поповиќ, кој според нив веќе ја изгубил довербата од НБА ѕвездите кои си мислеа дека ќе се прошетаат до златниот медал.

На нив наводно не им се допаѓал стилот на игра кој го фаворизирал тренерот на Сан Антонио Спарс. Инаку, поразот од „триколорите“ е прв за Америте на Олимписките игри уште од 2004 година година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .