НБА засилување во Санкт Петерзбург: Леброн го бараше во Мајами, сега потпиша за – Зенит!

Рускиот евролигаш Зенит во Санкт Петерзбург донесе НБА засилување во името на Шабаз Нејпир кој потпиша едногодишен договор и така стана седмото засилување за клубот во новата сезона!

Нејпир беше драфтуван пред седум години во најсилната кошаркарска лига во светот, а во тоа време Леброн Џејм за него зборуваше дека „ниту еден шутер не смее да биде драфтуван пред Нејпир“.

Тогашниот негов клуб Мајами му ја исполни желбата и го драфтуваше, меѓутоа Леброн набрзо се врати во својот Кливленд, па двајцата не ни заиграа заедно на Флорида.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.