После голема борба и спасени две меч – топки, Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Шпанецот во третото коло го надигра Канаѓанецот Денис Шаповалов со 2:1 во сетови (3:6, 6:4, 7:6).
Третиот тенисер во светот до победата дојде после голем пресврт и спасени две меч – топки. Шаповалов имаше 6:3 и 3:1, но Надал покажа зошто е еден од најдобрите тенисер на сите времиња, правејќи комплетен пресврт за пласман во четвртфиналето.