На Колумбија и ја одземаа организацијата на Копа Америка!

Челниците на КОНМЕБОЛ синоќа потврдија дека на Колумбија и е одземена организацијата на Копа Америка за оваа сезона поради политичката состојба и протестите кои се случуваат во оваа латиноамериканска земја.

Колумбијците се обидоа да го одложат натпреварувањето за ноември оваа година, но од КОНМЕБОЛ го одбија ова барање. Инаку, Колумбија требаше заедно со Аргентина да го организира натпреварувањето, меѓутоа со проблеми се соочуваат и Аргентинците кои имаат голем проблем со корона – вирусот.

Медиумите пренесуваат дека Чиле и Парагвај биле подготвени да ја превземат организацијата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .