На Киелини не му е до славје веќе: Јуве се уште не понудил договор, агентот објасни што се случува!

Помеѓу еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот несомнено спаѓа Џорџо Киелини. Легендарниот дефанзивец минатата недела како капитен ги предводеше „аѕурите“ до европската титула, а интересно, тој веќе две недели е слободен играч.

Неговиот Јувентус се уште не му понудил договор и покрај тоа што медиумите од Апенините тврдеа дека тоа е „завршена работа“. Сега агентот на 36 – годишниот дефанзивец, Давиде Липи откри дека Јувентус не доставил понуда и дека чекаат од Торино да закажат состанок.

„Останување во Јувентус? Прво мораат да достават понуда, а до денешен ден такво нешто не се случило. Чекаме Јувентус да закаже состанок и да разговараме за се. Киелини е симбол на Јувентус години наназад. Во моментов е единствениот слободен играч од репрезентацијата која пред неколку денови стана Европски првак“, порача Липи.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.