На Карим нема да му биде сеедно: Донесена конечната пресуда за случајот „Бензема – Валбуена“!

За многумина најдобриот напаѓач на денешницата, Карим Бензема е прогласен за виновен поради уцена врз поранешниот соиграч Матиеу Валбуена. Потсетуваме, Карим го уценуваше Валбуена за негова секс-снимка, а после долгогодишниот судиски процес денес стигна и конечната пресуда.

Бензема е осуден на затворска казна од година дена, која ќе мора да ја одлежи ако го повтори прекршокот, а исто така беше казнет со 75.000 евра. За виновни беа прогласени и останатите учесници и пријатели на Бензема како Мустава Зоуауи, Аксел Ангот, Јунес Хоуас и Карим Зенети.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.