Најтажното „Ел Класико“ во историјата

Барселона и Реал Мадрид денеска со почетокот од 16 часот ќе го одиграат првото „Ел Класико“ сезонава, во момент кога на ниту еден од двата великани не му „цветаат ружи“.

Домаќинот после четири кола има само седум бодови (и меч помалку од Реал), додека „кралевите“ имаат 10 бода и на „Камп ноу“ стигнуваат со два порази во низа – од Кадиз и Шахтјор.

Угледната „Марка“ се потсети на најтажното „Ел Класико“ во историјата кое требаше да се одигра на 7 апрл 1968 година и кој беше одложен за 48 часа поради смртта на тогашниот дефанзивец на Барселона, Хулијо Цезар Бенитез.

Уругваецот го носеше дресот на Барса од 1961 до 1968 година и за тоа време одигра 123 мечеви, а дефинитивно ќе остане запаметен по епските дуели што ги имаше со легендарното крило на Реал, Француско Пако Генто.

Трагично, Бенитез не го дочека новиот дуел против Генто, почина само ден пред натпреварот. Четири дена претходно тој добил дозвола од тренерот да го напушти тренингот и да оди на доктор затоа што не се чуствувал добро. Ден подоцна имал и грозница, па се врати на тренинг каде ситуацијата му се влошила.

Започнале да кружат гласини околу неговата здравствена состојба, му било и кажано дека нема да игра „Ел Класико“, додека во Реал биле загрижени да не има хепатитис. Официјалните медицински записи покажуваат дека Бенитез починал од сепса, но што довело до тоа не било никога утврдено.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .