Најскапото предатство во историјата: Трансфер скандал од ОГРОМНИ размери – ја тресе Португалија!

Искусниот фудбалер од средниот ред Жоао Марио направи невидено предатство откако после фантастичната сезона во дресот на Спортинг од Лисабон и освојувањето на титулата, одлучи да прејде во редовите на НАЈГОЛЕМИОТ ривал Бенфика и тоа – како слободен играч!

Имено, португалскиот репрезентативец минатата сезона ја помина како позајмен во Спортинг од редовите на Интер, а миланскиот клуб летово одлучи да го раскине договорот со него и да заштеди околу 10.000.000 евра, додека Бенфика веднаш реагираше и потпиша договор со него 2026 година.

Меѓутоа, тука не е крајот на трансфер сагата, која се заканува да настане вистински скандал во португалскиот фудбал. Имено, денеска се огласи и оштетениот Спортинг, кој на својот сајт објави интересно соопштение.

„Во текот на 2016 година додека преговаравме околу трансферот на Жоао Марио од Спортинг во Интер, се договоривме помеѓу другото, италијанскиот клуб да има обврска да плати 30.000.000 евра доколку играчот во иднина стане член на било кој друг португалски тим, вклучувајќи ја тука и Бенфика.

Како што и е познато на јавноста, Интер и Жоао Марио во понеделникот го раскинаа договорот, споразумно, за играчот да може да потпише за Бенфика и тоа откако Италијанците ја одбија понудата од Спортинг за откуп на фудбалерот.

Бордот на директори на Спортинг, смета дека Интер повлече едностран потег за да избегна плаќање „пенали“ поради договорот потпишан во 2016 година, а во тоа му помогнаа и застапниците на фудбалерот.

Затоа Спортинг ќе ги заштите клупските интересе и ќе ги натера сите страни да ја надокнадат штетата која ја претрпе нашиот клуб“, беше жестокиот договор на Спортинг.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.