Александар Зверев го направи невозможното. Успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри во Токио, а после натпреварот му искажа огромна чест на светскиот број 1.
„Му кажав уште на мрежата дека тој е најголемиот на сите времиња. Ќе освои најмногу Гренд слемови, ќе ги освои сите Мастерси, најдолго ќе биде број 1. Јас сум 99 посто сигурен дека така ќе се одвиваат рабоите. Сепак, не можеш да освои се. Му кажав: Најголем си на сите времиња, извини што те победив“, изјави Германецот.