Наумоски: Арнаутовиќ ја сака Македонија, сигурен сум дека не е расист!

Конфликтот кој го направи Марко Арнаутовиќ на мечот меѓу Австрија и Македонија ја обиколи Европа. На големо се пишува за зборовите кои ги кажал Австриецот кон нашите репрезентативци, а на таа тема разговаравме со Илчо Наумоски.

Некогашниот центарфор на македонската репрезентација, а сегашен тренер, во моментов е во Австрија каде е ангажиран како стручен коментатор тој кажа нешто за Марко Арнаутовиќ и негово мислење за ситуацијата.

„Марко е растен со нас, го познавам и сме многу блиски. Тој е се, само расист – не. Арнаутовиќ ја сака Македонија, сигурен сум во тоа, живеел со Македонци, Срби, Хрвати, Босанци, Албанци… тука во Виена, близок пријател е со Џердан Шакири, со кого играше во Стоук, така што сигурен сум дека не е расист. Зборовите кои се кажани можеби се во афект, на спортските терени често спортистите избувнуваат при некој дуел или вербално кошкање. Приказната сигурно има две страни. Како и да е, да не бидам погрешно разбран, уште еднаш сакам да потенцирам, Арнаутовиќ е се, само расист не“, прокоментира Наумоски директно од Австрија.

Поранешниот репрезентативец го прокоментира и првиот натпревар против Австрија, кој Македонија го загуби со 1-3. Вели дека играта била храбра и дека со таков пристап, како во првите 70 минути, може да се надеваме на резултат против Украина.

„Одигравме доста храбро и Горан Пандев го даде тој прв историски гол на дебито на Европското првенство. Загубивме сила и немавме малку среќа по тие центаршутеви да издржиме уште 12-тина минути, па да дојдеме и до прв историски бод. Но, сепак, ако продолжиме вака, имаме шанси да ја изненадиме Украина. Мора да веруваме во себе и самоуверено да играме против секого до крајот на ова Европско првенство“, додаде Наумоски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .