Наполи ја освои Баскија, ЦСКА Софија со бод од Рим, Арсенал го доби островското дерби против Дандалк… (ВИДЕО)

Во натпреварите кои се одиграа од 21 часот во второто коло од Лигата на Европа, Наполи во дербито на колото го совлада лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Сосиедад во Сан Себастијан (0-1).

Избраниците на Џенаро Гатузо до победата стигнаа со голот на Матео Политано во 56. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се врати во тимот на калчолигашот, меѓутоа остана на клупата за резервни играчи.

ЦСКА од Софија стигна до првиот бод во Лигата на Европа. „Армејците“ освоија голем бод во Рим на „Олимпико“ каде против италијанскиот гигант Рома одигра реми без голови. Интересно, пред натпреварот легендарниот Христо Стоичков со пушка и се закани на „римската волчица“.

Арсенал очекувано стигна до победа во островското дерби против ирски Дандалк (3-0). „Топчиите“ до победата стигнаа со головите на Нкита, Вилок и Пепе.

Големо изненадување направи прашка Славија која на домашен терен во главниот град на Чешка минимално го совлада германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен со голот на Олајинка.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 2. КОЛО (МЕЧЕВИ ОД 21 ЧАСОТ)

ГРУПА А

Клуж – Јанг Бојс 1-1

Рома – ЦСКА Софија 0-0

ГРУПА Б

Арсенал – Дандалк 3-0

Молде – Рапид Виена 1-0

ГРУПА Ц

Ница – Хапоел Бер Шева 3-0

Славија Прага – Баер Леверкузен 1-0

ГРУПА Д

Бенфика – Стандар Лиеж 3-0

Ренџерс – Лех Познан 1-0

ГРУПА Е

Гранада – ПАОК 0-0

Омонија Никозија – ПСВ Ајндховен 1-2

ГРУПА Ф

АЗ Алкмар – Ријека 4-1

Реал Сосиедад – Наполи 0-1

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .