Наполи со пресврт ја совлада Ријека (ВИДЕО)

Во дуелот помеѓу Ријека и Наполи во третото коло од Лигата на Европа, се судрија македонските репрезентативни колеги Дарко Велковски и Елиф Елмас. Се радуваше фудбалерот на Наполи после победата со пресврт (1-2).

Селекторот Игор Ангеловски може да биде задоволен. Двајцата репрезентативци од првата минути го започнаа мечот и ќе бидат подготвени за историскиот натпревар против Грузија.

Хрватите поведоа со голот на Роберт Муриќ во 13. минута. Избраниците на Џенаро Гатузо израмнија во 43. минута преку Диего Деме, додека Филип Браут си постигна автогол за конечни 1-2.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .