Наполи е најголем лузер, Јуве ја спаси сезоната, Милан после седум години во ЛШ! (ВИДЕО)

Исто како Лестер во Англија, така и Наполи, но во Италија може да се смета за најголем лузер во последното коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Џенаро Гатузо имаа се во свои раце вечерва и им беше потребна само победа против Верона на домашен терен за да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа гостите успеаа да останат непоразени во Неапол (1-1).

Тоа го искористи Јувентус, кој со убедливата победа на гостувањето кај Болоња (1-4), успеа да го помине Наполи на табелата и да запише нов настап во елитното европско натпреваруње, исто како и Милан кој минимално славеше во Бергамо кај Аталанта (0-2).

Така „росонерите“ сезоната ја завршија на втората позиција со 79 бодови, еден повеќе од третопласираната Аталанта и четвртиот Јувентус, додека Елмас и соиграчите акко петти ќе мора да се задоволат со настап во Лигата на Европа.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .