Наполи го декласира Лацио: Клубот од Рим понижен со пет гола во мрежата! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи вечерва на својот стадион „Диего Армандо Марадона“ го понижија римскиот гигант Лацио (5-2). „Небесносините“ примија дури пет голови во својата мрежа, а поразот можеше да биде и потежок, доколку домаќините искористија уште некоја шанса.

Капитенот Лоренцо Инсиње постигна два погодоци, по еднаш стрелаа Мертенс, Политано и Осимхен, додека за Лацио погодија Имобиле и Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо и покрај тоа што го избрка македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од синоќешниот тренинг, сепак одлучи да му даде шанса последните десет минути.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.